Monday, December 2, 2013

Асасиновото Кредо IV - Црно Знаме

 

Assassin's Creed IV или Асасиново Кредо (многу тиња македонски превод), ги следи случувањата пред Assassin's Creed III односно, четвртото продолжение се фокусира на пиратскиот период и ги следи случувањата пред да се родат Haytham Kenway и Ratonhnhaké:ton.
  Продолжението содржи историски битни пирати како Edward Thatch (Црнобрадест), Benjamin Hornigold  (Бенџамин Попаленпозлатници) и остаток други. Играчот ја завзема улогата на Edward Kenway (ми личи на Thor, незнам зошто), кој што на почетокот на играта може да се види дека ликот само е загрижен за парите, грабежот и слободното движење низ светот како
пират, али подоцна сфаќа дека не е само парите што значат во животот.
spoiler warning.



Главниот фокус на играта е борбата на море со бродови, кој што носи многу подобрен систем од претходниот (иако требаше во тројката да биде подобро него ли во четвртиот дел поради time line issues али што да се прави, DEVS) ,и подобрена приказна. Водечки ликови сега за сега во историјата на Assassin's Creed се Ezio и Edward.
  Во приказната за Ezio приказната се развиваше до огромен степен што ја направи најуспешна игра од Assassin's Creed серијалот. Вкупно издадени се 3 игри поврзано со приказната за Ezio, и покажува колку треба човек да направи за да стине до одредена цел.

  Со Edward покажува колку човек бара решение во погрешните цели во животот, како пари и богатство. Ослепен тој губи многу нешта, но на крај се помирува со реалноста и само трга напред. Приказната е многу јака во четвртиот дел од серијалот со што може да предизвика многу силни емоции на играчите.



 На кратко што нуди играта:
  • Истиот начин на борба на копно од претходните Assassin's Creed серијали.
  • Подобрена борба на море од III
  • Можност за изнајмување танчарки и пијани пирати што нудат помош при мисии.
  • Booty
  • MORE BOOTY
  • Надоградба на бродот.
  • Шанса за освојување на лотарија на Македонија

    10/10 - препорачана за секого, и луѓе од сите возрасти.