Monday, November 25, 2013

The Unbelievers/Неверниците

                                              The Unbelievers/Неверниците


    Неверниците е документарен филм кој ги следи светски познатите научници Ричард Докинс   и   Лоренс Краус низ нивното патување низ светот во кое тие држат јавни говори и дебати за важноста на науката и разумот во модерниот свет.
 Во филмот исто така се појавуваат познати светски глумци,научници и влијателни луѓе како:Стивен Хокинс,Камерон Дијаз,Рики Џерваис,Бил Меиер,Џејмс Ренди,Сем Харис,Михаил Шермер и други.

 Овој филм е одлична претстава на долго годишната борба на атеистите како Докинс и Краус да ја испратат пораката дека религијата не само што не носи никаков напредок туку напротив го уназадува општеството и дека науката и критичкото мислење се единствен начин до вистината.
     Ви го препорачуваме овој филм на секој отворен и искрен човек.Го препорачуваме и на религиозните кои можеби овој краток документарец ќе им го смени мислењето или барем ќе им даде уште една перспектива на работите.Секако овој филм е "задолжителен" за сите атеисти кои сакаат да си го продлабочат знаењето и да се инспирираат од овие познати атеисти.

          

     

No comments:

Post a Comment